Свет

„Амазон“ инвестира 4 милијарди долари во стартап за вештачка интелигенција

26 Sep 2023

Американскиот е-гигант „Амазон“ соопшти дека ќе инвестира 4 милијарди долари во стартапот „Антропик“ (Anthropic), компанија што развива вештачка интелигенција.

Со оваа инвестицитија, е-трговецот ќе има малцински удел во компанијата. Првичниот влог ќе изнесува 1,25 милијарди долари.

Со овој потег, „Амазон“ го следи примерот на големите технолошки компании како „Гугл“, „Мајкрософт“ и „Епл“, кои инвестираат во генеративна вештачка интелигенција. Минатата недела овој гигант за онлајн-трговија објави дека додава генеративна вештачка интелигенција на виртуелниот асистент Alexa.Engineering.

Од „Антропик“ соопштуваат дека оваа нова инвестиција нема да го смени нивниот однос со „Гугл“, кој инвестираше 450 милиони долари и купи 10% од акциите на компанијата.

Двете компании најавија дека стратешки ќе соработуваат за унапредување на генеративната вештачка интелигенција, а „Антропик“ ќе ја користи платформата Amazon Web Services (AWS) како главен оператор на облак-услуги.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...