Свет

„Унилевер“ инвестира 19,4 милиони евра во фабрика за тестенини

18 Sep 2023

„Унилевер“ ги објави плановите за влог од 90 милиони полски злоти (околу 19,4 милиони евра) за проширување на производствениот капацитет во Познањ, Полска.

Компанијата има намера да го зголеми  производството на рамен-нудли од брендовите Knorr, Good Noodles и Amino. Дневниот капацитет на погонот се очекува да достигне до 600.000 единици тестенини. Проширениот асортиман производи ќе се дистрибуира не само во Полска, туку и во Холандија, Унгарија и во други европски земји.

Како што соопштуваат од „Унилевер“, во производствениот капацитет ќе се следат строги еколошки стандарди за да се оптимизира искористувањето на струјата и на водата.

Фабриката во Познањ е една од најголемите производствени капацитети за храна на „Унилевер“. Денес бележиме уште едно големо поглавје во историјата на нашата фабрика. Благодарение на понатамошните инвестиции, ќе можеме поефикасно да одговориме на потребите на купувачите и да продолжиме да го развиваме бизнисот, изјави Пшемислав Фејфер, директор на фабриката во Познањ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...