„Кауфланд“ успеа да стави крај на спорот за цените со компанијата „Хенкел“.
Купувачите на „Кауфланд“ повторно ќе можат да купуваат производи на „Хенкел“ од популарните брендови како Pril, Persil, Pervoll, Spee и Sidolin.
Спорот почна на крајот од 2022 година и ескалира на почетокот од 2023 година, кога „Кауфланд“ престана да ги продава производите на „Хенкел“ поради неможноста да се договорат за цените. Конфликтот меѓу двете компании доведе до губење на пазарниот удел за „Кауфланд“ – голем дел од потрошувачите имаат голема доверба во традиционалните брендови на „Хенкел“ и продолжија да ги купуваат овие брендови во продавниците на „Реве“, „Едека“ и во дрогериите.
Структурата на цените не е усогласена само со „Хенкел“. „Кауфланд“ постигна договор и со британската компанија „Унилевер“, овозможувајќи им на потрошувачите да купуваат брендови како Knorr, Axe, Coral, Dove и Rexona.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.