„Кооп“ ја објави својата најголема инвестиција досега - намалување на цените во вкупна висина од 70 милиони фунти во настојување да ги подобри условите за лојалните купувачи.
Трговецот сака да обезбеди нови, пониски цени за секојдневните производи што неговите купувачи најчест ги купуваат, како што се млеко, јајца и леб. Како резултат на тоа, членовите на програмата за лојалност на „Кооп“ ќе можат да заштедат до 11 отсто на малопродажните цени и во просек по 500 фунти годишно.
Додека инфлацијата почнува да успорува, домашните буџети и натаму се под огромен притисок, така што оваа голема инвестиција во цените ќе направи вистинска и опиплива разлика за милиони наши купувачи. Инвестицијата од 70 милиони фунти ќе ни овозможи да ги прилагодиме цените на оние производи за кои знаеме дека потрошувачите најмногу ги купуваат, соопштија од „Кооп фуд“.
Компанијата неодамна објави дека ќе вложи и 272,64 милиони евра за да ја зајакне својата програма за лојалност во следните пет години.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.