Свет

„Дијаџио“ вложува 25 милиони евра во производство на безалкохолно пиво

07 Jul 2023

Guinness, брендот на „Дијаџио“, најави вложување од 25 милиони евра во нов објект во Даблин, Ирска, чиј фокус ќе биде производство на безалкохолно пиво.  

Guinness 0.0 во моментов е најпродаваниот бренд во сегментот безалкохолни пијалаци во Ирска и Велика Британија.

Ова ширење на производствените капацитети е сведоштво за квалитетот на Guinnessa 0.0 и порастот на категоријата безалкохолни пијалаци, бидејќи потрошувачите бараат поголем избор, за различни прилики. Очекуваме дека порастот на Guinnessa 0.0 ќе биде уште една приказна за успех во извозот за Ирска, изјави Бери О’Суливан, генерален директор на „Дијаџио“ - Ирска. 

Во компанијата очекуваат дека отворањето на новиот објект за 300 отсто ќе го зголеми производството на пивото Guinness 0.0  и ќе помогне да се задоволи растечката домашна и меѓународна побарувачка за безалкохолно пиво.

Целото глобално производство на Guinnessa 0.0 се одвива во оваа фабрика, која работи за извозните пазари како што Велика Британија, САД, Канада, Блискиот Исток и Јужна Кореја. 

Извор: FoodBev
Фото: Diageo



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...