Цената на кафето „робуста' ја достигна својата највисока вредност по 2008 година, што им отежнува на купувачите кои сакаат да го добијат ароматичниот пијалок со кофеин по пониска цена.
Еден тон „робуста“ чини 2.724 долари, а претходните фјучерси за кафе пораснаа на 2.790 долари за тон – нивната највисока цена од потпишувањето на договорот за „Coffee C“ пред 15 години. Зрната кафе за испорака во септември се продаваат по премија од 91 долар за тон во текот на ноември, што е највисока досега.Американскиот центар за предвидување на климата го потврди враќањето на временскиот феномен „Ел Нино“, кој се појавува нередовно во одредени временски интервали во Тихиот Океан. Синоптичарите веруваат дека оваа година ќе биде барем умерена, ако не и силна. Феноменот вообичаено создава потопли и посуви услови во главните региони каде што се одгледува „робуста“, вклучувајќи ги Виетнам и Индонезија, и ги загрозува важните резерви.
Виетнам, најголемиот светски производител на „робуста“, собра најмал род во последните четири години. Бразил, на второто место, се очекува да произведе 5% помалку оваа година, додека производството на Индонезија се предвидува да биде 20% послабо поради неповолните временски услови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.