Свет

Pringles вложи 100 милиони евра во нова амбалажа

23 мај 2023

Брендот Pringles во сопственост на компанијата „Келог“ вложи 100 милиони евра во развој на нова амбалажа за својот популарен чипс која може целосно да се рециклира. 

Картонската амбалажа е дизајнирана во истражувачко - развојниот центар во Белгија, каде се наоѓа и една од најголемите фабрики на брендот која произведува 104.000 тони чипс годишно што се продаваат во 80 земји ширум светот. Истражувачите поминаа речиси пет години развивајќи го новото пакување, за што се троши помалку вода и емитува 40 отсто јаглерод диоксид помалку отколку досега, соопштија од компанијата. 

За чипсот да се заштити од кислород и да го задржи рокот на траење од 15 месеци, на картонската подлога е додаден тенок слој алуминиум. Пакувањето го задржува пластичниот капак, бидејќи, како што велат од компанијата, тоа е најефикасното решение досега. 

Од „Келог“ објавија дека планираат да ја намалат сопствената емисија на CO2 за 45 отсто до 2030 година. 

Извор: esmmagazine
Фото: Pringles



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...