Свет

Расте бизнисот на „Хајнекен“ во Европа

20 Apr 2023

Резултатите од работата во првиот квартал од годината за „Хајнекен“ беа поддржани од потрошувачите на пиво во Европа, иако инфлацијата се задржа на многу клучни пазари, што помогна да се неутрализираат послабите перформанси во азиско-пацифичкиот регион и Нигерија.

Акциите на вториот по големина производител на пиво во светот пораснаа за 4 отсто, откако компанијата извести дека потрошувачите во Европа сè уште прифаќаат повисоки цени за нејзините производи, кои го вклучуваат нејзиниот истоимениот бренд, како и повеќе премиум понуди како брендовите Birra Moretti, Beavertown и El Aguila.

Вкупните количини опаднаа за 3 отсто на органска основа во кварталот што заврши во март, наспроти очекувањата на аналитичарите за просечен пад од 1,04 отсто. Кварталот беше тежок за работењето во Виетнам и Нигерија, но инвеститорите беа подготвени за тоа.

 Пиварницата задржа својата прогноза за приспособена оперативна добивка, која очекува органски да расте со средно до високо едноцифрена стапка оваа година, дури и кога извршниот директор Долф ван ден Бринк предупреди на проблематичната побарувачка на потрошувачите за производите на компанијата.

Со оглед на тоа што повисоките трошоци за суровините тежат на маржите, многу компании во секторот прибегнаа кон зголемување на цените. Ова, во комбинација со повисоките трошоци за живот, создава особено предизвикувачка средина за индустријата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...