Свет

Португалија: „Лидл“ лансира дигитални цени

18 Apr 2023

„Лидл“ ги објави плановите да воведе дигитални цени во сите свои продавници во Португалија, заменувајќи ги постоечките хартиени етикети на кои се испишани цените. 

Германскиот синџир соопшти дека овој потег е дел од неговата постојана посветеност кон одржливоста и дека ќе резултира со заштеда од 400 килограми хартија годишно по продажно место (или 108 тони годишно во земјата). 

Одлуката следува по успешниот пилот - проект во една продавница на трговецот во октомври минатата година. Етикетите треба да бидат имплементирани до крајот на првата половина од оваа година. 

Дигиталните цени ќе му овозможат на „Лидл“ да ги менува цените и информациите во реално време, бидејќи ознаките се директно поврзани со системот на управување со залихи. 

Извор: kamcity
Фото: Lidl



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...