Францускиот козметички гигант „Л’Ореал“ го купува луксузниот австралиски козметички бренд Aesop, во трансакција вредна 2,53 милијарди долари.
Брендот е во сопственост на бразилската компанија „Натура & ко“. Позната по својата природна козметика, оваа компанија се соочува со тешки времиња обидувајќи се да се прошири на глобално ниво. Сепак, проблемите предизвикани од пандемијата и војната во Украина доведоа до дополнителни шокови.
„Натура & ко“ размислуваше за делумна или целосна продажба на Aesop како дел од поширокото реструктуирање чија цел беше да ја поедностави структурата и да ги намали трошоците.
„Aesop“ постои од 1987 година. По отворањето на својата прва продавница на подземен паркинг на периферијата на Мелбурн во 2003 година, компанијата се прошири на глобално ниво, вклучувајќи десетици локации во Њујорк и Лондон. Како што растеше брендот, инвеститорите сè повеќе го гледаа како скапоцен камен во круната на групацијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.