Свет

Козметичкиот синџир „Даглас“ доаѓа во Словенија?

28 Mar 2023

Козметичкиот синџир „Даглас“ ќе се шири и во други земји, најави новиот извршен директор Сандер ван дер Лаан. 

Пандемијата со Ковид - 19 тешко го погоди „Даглас“: загубите пораснаа на стотици милиони евра, а синџирот мораше да затвори 640 од своите 2.000 продавници во дел од Европа. Ван дер Лаан сака да ја подобри профитабилноста така што повеќе ќе се фокусира на намалување на трошоци, стандардизација, ИТ и логистика, но тоа не го менува фактот дека синџирот мора повторно да расте сега кога пандемијата заврши. За три години продажбата би требало да се зголеми за 1,4 милијарди евра, на 5 милијарди евра, изјави тој. 

Компанијата планира да вложува во постоечките продавници, но и да се прошири во други земји, вклучувајќи ги Белгија и Словенија. На новиот извршен директор не му е важно дали тоа ќе биде онлајн или офлајн: „Даглас“ во тек на пандемијата се покажа отпорен на омниканалниот фронт, така што тоа е она на што компанијата сега се фокусира. Купувачот одлучува од кој канал ќе дојде растот, вели Ван дер Лаан. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...