„Ајсланд фудс“ покрена нов проект во соработка со уште две други компании, со цел да обезбедат фрижидери - замрзнувачи за семејствата со ниски приходи за да им го олесни пристапот до смрзната храна.
Компанијата дошла на оваа идеја по податоците дека семејствата кои преминуваат од свежа на смрзната храна го преполовуваат расипувањето на храната и ги намалуваат трошоците за намирници за речиси четвртина од претходните трошоци.
Едно од 10 британски семејства живее без замрзнувач, односно нема пристап до смрзната храна. Замрзнувачите ќе бидат донирани во консултации со секое домаќинство посебно, за да се идентификува најдоброто решение за нивните потреби.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.