Извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси, објави дека компанијата планира да отпушти повеќе од 18.000 работници. Џеси ја објави информацијата за отпуштањето на веб-страницата на „Амазон“, пренесува „Ројтерс“.
Разговорите со работниците ќе започнат на 18 јануари и дека погодените од отпуштањата ќе добијат помош во форма на отпремнина и поддршка за наоѓање друга работа.
Најпогодени од отпуштањата ќе бидат секторите на онлајн продавницата „Амазон сторес“, како и секторите за управување со човечки ресурси, се вели во соопштението.
„Амазон“ вработува повеќе од 1,5 милиони работници на глобално ниво и се подготвува за забавување на растот на бизнисот бидејќи зголемената инфлација ги принудува бизнисите и потрошувачите да ги намалат трошоците. Во пресрет на очекуваната рецесија и поради послабите деловни резултати, отпуштања во претходните месеци веќе најави, меѓу другото, и „Мета“, компанијата во чии рамки работат Facebook и Instagram, од која беше најавено дека ќе отпуштат повеќе од 11.000 работници, како и американската софтверска компанија „Мајкрософт“, која најави дека ќе отпушти околу 1.000 од нив.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.