Истражувачите и научниците на „Монделез“ развија нова технологија која ќе ги земени полнењата како карамела, лешник, мед и сл. со алтернативи без да ја наруши текстурата или вкусот.
Ова е возбудлив чекор во нашето континуирано патување на иновации за да им дадеме на потрошувачите поголем избор кога станува збор за уживање во слатките. Знаеме дека потрошувачите не се подготвени да прават компромиси за вкусот или текстурата, затоа работиме напорно за да најдеме начини како да ја примениме оваа технологија на нови производи, како и да создадеме алтернативни верзии со одличен вкус, изјави Адам Харис, главен научник во „Монделез“.
Како што истакнуваат од компанијата, стратегиите и иницијативите за развој на портфолиото производи во „Монделез“ се поддржани од силен тим нутриционисти кои работат во партнерство со научници и програмери за да им обезбедат на потрошувачите можности за избор.
Новата технологија ѝ овозможува на компанијата да произведува алтернативни верзии без HFSS со 75 отсто помалку шеќери и масти и пониски калории.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.