Свет

Намален извозот на кафе од Уганда

17 Nov 2022

Месечната заработка на кафе во Уганда се намали во октомври поради суровата средина на глобалниот пазар и инцидентите со сушата во повеќето региони на Уганда каде се одгледува кафе. Извозот на кафе во октомври 2022 година изнесува 457.244 вреќи од 60 килограми во вредност од 67,10 милиони долари.

Најголемиот дел се 398.592 вреќи „робуста“ во вредност од 53,25 милиони долари и 58.652 вреќи „арабика“ во вредност од 13,85 милиони долари. 

Во извештајот издаден од Управата за развој на кафе на Уганда, посушните временски услови од вообичаените, во комбинација со нестабилноста на глобалниот пазар ја „испратија“ заработката на надолна патека.

Октомврискиот извоз на кафе забележа благо намалување од 5,71 отсто во количина, но пораст од 9,82 отсто во вредност, во споредба со истиот месец лани.

Лошите временски услови доведоа до пократка главна сезона на жетва во централните и источните региони, а исто така ја намалија жетвата од Голема Масака и југо - западни региони, се вели во неодамна објавениот месечен извештај. Но, има многу надеж за кафето во Уганда поради очекуваното зголемување на приносот на фармите од година во година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...