Свет

„Карфур“ ја прошири веганската понуда

13 Oct 2022

„Карфур“ - Полска ја прошири својата веганска понуда лансирајќи нов асортиман производи од својата приватна марка, Sensation Vegetal. Новиот бренд е наменет за луѓето кои водат здрав начин на живот, се грижат за добросостојбата на животните и бараат растителна алтернатива за месото. 

Производите што се продаваат под овој бренд потекнуваат од полски добавувачи и се направени од растителни суровини. 

Асортиманот Sensation Vegetal вклучува четири варијанти на хумус и 10 готови јадења. Повеќето СКУ - пови доби во категоријата А во системот на нутри - скоре. 

Драги ни е што понудата на производи без месо во нашите продавници постојано се шири како дел од нашиот трговски бренд. Sensation Vegetal линијата не е наменета само са вегани и вегетаријанци. Овие висококвалитетни производи од полско потекло, достапни по пристапни цени, ќе ги задоволат вкусовите на секој кој се грижи за начинот на исхрана, соопштија од „Карфур“ - Полска. 

Трговецот веќе нуди повеќе од 40 производи за вегетаријанци и речиси 550 вегански артикли. Вклучува, меѓу другото, плескавици на основа на протеини на грашок, колбаси од зеленчук, гиро од зеленчук и други производи. 

До крајот на 2022, „Карфур“ ќе понуди 30 вегански производи од приватна трговска марка, вклучувајќи нарезоци, напитоци на растителна основа, јогурти, намази....



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...