Свет

„Марс“ повлече 300 артикли од производството

07 Oct 2022

Американскиот производител „Марс“ нареди запирање на производството на околу 300 видови производи на германските трговци „Едека“, „Нетто“, „Реве„ и „Пенни“. Одлуката е донесена откако трговците одбија да ги зголемат цените на производи што им ги доставува „Марс“. 

Претходно, прехранбениот гигант ги сопре испораките кон трговците „Едека“ и „Реве“. Истото се однесува и на компаниите „Нетто“ и „Пенни“ кои се дел од групацијата „Едека“ и синџирот „Пенни“. 

Кога компанијата ја прекина испораката за „Реве“, повлече цел асортиман производи и предизвика збунетост кај купувачите. 

Многу добавувачи доаѓаат, најавуваат 10 отсто повисоки цени и ни велат дека ние тоа мора да им го пренесеме на купувачите. Тоа е целосно нереално. Кога ќе го слушнете добавувачот дека сака 30 отсто повисоки цени во Германија и 5 отсто зголемување за истиот артикал во Франција, тогаш морате да се прашате каде е тука логиката, изјави Лајонел Соук, директор на „Реве“. 

Да потсетиме, судирот меѓу компаниите почна пред неколку месеци, кога трговците одбија да ги прифатат повисоките цени што им ги диктираше „Марс“. „Едека“ пак, се сврте кон социјалните мрежи за да им ја објасни ситуацијата на потрошувачите, но „Марс“ одлучи да не реагира на прозивките. Замолуваме за разбирање да не ги објавуваме јавно преговорите со нашите партнери. Свесни сме дека таквите преговори можат да бидат предизвикувачки и дека многу фактори влегуваат во игра. Му даваме голема важност на деловниот однос што го изградивме со секој поединечен партнер, соопштија од „Марс“. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...