Операторите за брза испорака се борат да соберат средства. Иако овие компании навидум немаа проблем да добијат големи инвестиции во ерата на ковид-19 во 2020 и 2021 година, пазарот радикално се промени, создавајќи проблеми.
Инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки ги направија инвеститорите претпазливи, што ги наведе да вршат притисок врз компаниите за брза испорака да најдат начин да станат профитабилни побрзо од очекуваното.
Додека во претходните години „Горилас“, „Флинк“, „Гетир“, „Зап“ и „Гоупаф“ вработуваа прекумерно во обид по секоја цена брзо да добијат удел на пазарот, сега сите тие отпуштија илјадници работници.
Дополнително, на брзата експанзија во голем број земји ѝ дојде крајот, кога стана јасно кои пазари се профитабилни. „Зап“ ја напушта Холандија, а „Горилас“ соопшти дека ги си оди од Белгија, Шпанија и од Данска за да се фокусира на петте најпрофитабилни пазари: Франција, Велика Британија, Германија, Холандија и САД.
Некои доставувачи создадоа нови деловни понуди. Н апример, „Џифи“ целосно се оддалечи од брзата трговија на производи и сега е софтверска компанија. „Гетир“ лансира франшизи за т.н. „продавници во сенка“ (dark stores, односно дистрибутивни центри што личат на конвенционален маркет, но се затворени за потрошувачите и се користат за складирање и организирање на нарачките преку интернет) во Турција и во Франција.
Други, како „Бајк“, престанаа со работа. Неколку компании беа купени: „Кажу“ го купи „Флинк“, додека „Горилас“ го купи „Фришти“. Конечно, дел од брзите трговци почнаа соработки со традиционалните трговци на мало.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.