„Монделез“ планира повторно да ја отвори фабриката за чипс на периферијата на Киев, која беше затворена по рускиот напад врз Украина.
Гигантот ќе се обиде да ја поправи фабриката, која претрпе сериозни штети во март годинава поради воените дејства. Фабриката произведуваше локален бренд чипс под називот Lyuks. Втората фабрика на „Монделез“, која произведуваше кекс во Тростјанац, источниот регион на Украина, ќе остане затворена бидејќи претрпе значителна материјална штета.
Компанијата „Монделез интернешнл“ со седиште во Чикаго во извештајот за својата работа наведе дека влијанието на војната во Украина врз глобалното снабдување со стока, вклучтелно пченица и нафта, ќе го намали нејзиниот годишен профит за 3 центи по акција и ќе ја намали продажбата за 200 милиони долари. Сега, поради конфликтот, компанијата забележа 75 милиони долари намалување на имотот, фабриките и опремата за работа.
Соочена со притисокот да ја напушти Русија, „Монделез“ на почетокот на март ги намали несуштинските операции во оваа земја.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.