Свет

Банкротираше козметичкиот гигант „Ревлон“

20 Jun 2022

Производителот на козметика „Ревлон“ поднесе барање за заштита од банкрот по неуспешните обиди да се натпреварува со новите брендови кои се рекламираа на интернет во последниве години.

Производителот на лакови и кармини, во сопственост на милијардерот Рон Перелман, наведе обврски меѓу 1 милијарда и 10 милијарди долари, според пријавата до американскиот стечаен суд за јужниот округ во Њујорк.Поднесоците овозможуваат компанијата да продолжи да работи додека работи на план за отплата на доверителите. Пријавата за стечај доаѓа неколку дена откако „Волстрит журнал“ објави дека „Ревлон“ започнал разговори со заемодавците пред претстојниот рок на доспевање на долгот за да избегне банкрот.

Компанијата која има 90 години долга традиција почна со продажба на лак за нокти во време на Големата депресија, а подоцна додаде координирани кармини во својата колекција. До 1955 година, брендот стана меѓународен.

Долговите на компанијата се покажаа оптоварувачки, особено откако продаде повеќе од 2 милијарди американски долари заеми и обврзници за да го финансира купувањето на брендот Elizabeth Arden во 2016 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...