Свет

Источноевропските трговци во борба со инфлацијата

25 Mar 2022

Трговците од земјите од Источна Европа ги одржуваат цените за да ја ублажат инфлацијата.

Новиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека проблемите во глобалниот синџир на снабдување најверојатно ќе продолжат со години. Тоа предизвикува дополнителна инфлација и го поткопува закрепнувањето од пандемијата.

Во Источна Европа владите внимателно ги следат цените на храната и преземаат различни мерки во обид да ја намалат инфлацијата, како на пример намалување на стапките на ДДВ за одредени прехранбени производи. Унгарија воведе ценовни ограничувања за основните производи како шеќер, пченично брашно, сончогледово масло, јајца и пилешко месо. Хрватска го намали ДДВ-то на свежото месо и рибата, маслата, храната за бебиња, путерот и маргаринот. Полска го намали ДДВ-то за основната храна од пет на нула проценти.

Трговците на мало се во дилема. Од една страна, зголемените трошоци им прават притисок да ги зголемат цените. Од друга страна, владите внимателно набљудуваат и се закануваат дека ќе се вмешаат секогаш кога нема да ги почитуваат донесените мерки. „Лидл“ – Унгарија рекламира „замрзнати цени“ и за да обезбеди достапност за сите потрошувачи, постави ограничувања за продажбата на брашно, шеќер, млеко и масло. Најголемиот хрватски трговец „Конзум“ ги намали цените на 1.000 артикли, а „Лидл“ и „Шпар“ ја следеа истата практика. Во Полска, „Карфур“ ги намали цените на повеќе од 18.500 производи, а и „Биедронка“, „Лидл“ и „Кауфланд“ рекламираат намалување на цените на илјадници артикли.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...