„Нестле“ денеска објави дека во текот на претходната година, органскиот раст достигнал 7,5 отсто, со реален внатрешен раст од 5,5 отсто и раст на цените од два отсто.
Вкупната продажба порасна за 3,3 отсто на 87,1 милијарди швајцарски франци. Истовремено, продажбата на девизниот бизнис падна за 1,3 отсто, се вели во соопштението од компанијата.
Компанијата во текот на оваа година очекува годишен раст на продажбата од околу пет отсто, како и основна оперативна профитна маржа од 17 отсто до 17,5 отсто. Извршниот директор на Нестле, Марк Шнајдер истакна дека во текот на претходната година се фокусирал на спроведување на долгорочна стратегија и зголемување на инвестициите во растот, истовремено справувајќи се со предизвиците присутни во глобалниот синџир на снабдување.
Зборувајќи за Си-Ен-Би-Си (CNBC), Шнајдер рече дека компанијата ќе биде „отворена за големи деловни зделки“ бидејќи ја потврди својата стратегија за раст по намалувањето на сопственичкиот удел во „Л'ореал“.
„Нестле“ го намали својот удел во „Лореал“ од 23,3 отсто на 20,1 отсто во декември, заработувајќи 10 милијарди долари од продадените акции.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.