Свет

Почина човекот кој важеше за „необичен“ работодавач

09 Feb 2022

Гец Вернер, основач на dm, еден од најпопуларните синџири дрогерии на светот, почина вчера на возраст од 78 години, потврдија од компанијата.

Неговото семејство соопшти дека во последните неколку месеци тој се чувствувал се послабо.

Секогаш беше свесен дека нема да го доживее завршувањето на оваа идеја, стои во изјавата за неговата смрт. 

Вернер ја изгради компанијата која сега има околу 66.000 вработени и работи во 14 европски земји. 

Се залагаше за безусловен темелен доход.

Роден е на 5 февруари 1944 година во Хајделберг, во семејство на фармацевти. На 28 години татко му, кој бил сопственик на дрогерија во Хајделберг, му го избркал од дома затоа што не се држел до неговите бизнис идеи. Една година подоцна Гец Вернер ја отвори првата продавница на dm. Во својата биографија призна дека го изненадил сопствениот успех. Патот од „продавач на забна паста“ (како што се нарекуваше себеси) до угледен претприемач со социјална црта не бил предвидлив, пишува Дојче веле.

Вернер потполно го промени системот на продажба на козметички и хемиски производи, претворајќи ги дрогериите во мали самопослуги, со што значително се намалиле цените. Тој со децении важеше и за „необичен“ работодавач. Вработените во филијалите имаат право ако сакаат самите да го одредат асортиманот, „персоналните трошоци“ во фирмата ги нарекуваше „креативни трошоци“, а учениците кои го изучуваат занаетот во dm, ги праќаше на театарски работилници за да го поттикне развојот на личноста.

Уште пред повеќе години, Гец Вернер целиот удел во сопственоста на синџирот дрогерии го префрли на една добротворна фондација, оставајќи ги своите седум деца без наследство. Како што соопшти самиот Вернер, кој се придржува до американската изрека дека „не е срамота да се збогатиш, туку е срамота да умреш богат“, неговите седум деца така нема да бидат наследници на капиталот од преку една милијарда евра. Но, на децата им овозможил квалитетно образование и со тоа темел самите да станат богати. Децата имаат право на добар старт во животот, но не и на тоа дека родителите треба да им обезбедат доживотна благосостојба, изјави тогаш Вернер.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...