Свет

Продажбата на коњак ширум светот порасна за 31 отсто

20 Jan 2022

Продажбата на коњак се зголеми за речиси една третина во 2021 година. Ова е уште еден знак дека производителите на алкохол веќе ја оставаат пандемијата зад себе.

Продажбата на дестилатот, кој се произведува во регионот на Коњак во Франција, порасна за речиси 31% до 3,6 милијарди евра во последната година. Тоа е зголемена продажба дури и во споредба со 2019 година, пред пандемијата.

Веста доаѓа откако француските производители на шампањ минатиот месец изјавија дека очекуваат рекордна продажба во 2021 година.

Продажбата на коњак во САД, најголемиот пазар, е зголемена за 11 отсто на годишно ниво, со испорачани 115 милиони шишиња во 2021 година.Продажбата во Кина скокна за 56% до 34 милиони испорачани шишиња, додека продажбата во Европа се зголеми за 8% на 37,1 милиони шишиња.

На крајот на ноември, брендот Remy Cointreau ја зголеми прогнозата за профитот за целата година по подоброто од очекуваното прво полугодие поттикнато од силната побарувачка за неговиот врвен коњак во Кина, САД и Европа. Скок во продажбата во Кина забележа и „Перно Рикард“, сопственик на а коњакот Martell.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...