Свет

(ВИДЕО) „Карфур“ претстави нов концепт на продавница во Париз

26 Nov 2021

„Карфур“ отвори нова концептуална продавница во Париз („Карфур флеш 10/10“) која на купувачите им ветува „најбрзо искуство за купување од кога било досега“. 

Развиена во соработка со калифорнискиот старт - ап АиФи, новата продавница користи најсовремена технологија која би го подобрила искуството при купување - потрошувачите не мораат да скенираат ниту еден производ на каса, ниту пак да ги извадат од торбата за пазарење. Не постои ни барање за преземање апликација пред влегување во објектот, како кај другите безготовински продавници, а можно е и да се види вкупната потрошувачка во реално време. 

„Карфур флеш 10/10“ (10 секунди за купување и 10 секунди за плаќање) поседува околу ро ХД камери и 2.000 сензори кои го следат патувањето на купувачот во продавницата како „анонимен виртуелен аватар“. 

Нашите потрошувачи можат лесно да влезат во продавницата, знаат што купуваат, брзо плаќаат и потоа излегуваат. Во споредба со другите постојни концепти, тука добиваат брзина и пристапност на едноставен начин, соопшти трговецот.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...