Откажан е меѓународниот саем ПЛМА „Светот на приватните трговски марки“ (World of Private Label) што требаше да се одржи следниот месец во Амстердам, Холандија.
Додека Холандија и другите европски земји се борат против Ковид - 19 со сè построги владини мерки за собирање и движење, ПЛМА одлучи да го откаже својот трговски саем кој беше поставен за изложбениот центар РАИ на 14 и15 декември, соопштија организаторите.
Виртуелното шоу, „ПЛМА Глобал“ ќе биде претставено во март, а редовниот годишен лице в лице настан е закажан за 31 мај - 1 јуни 2022 година во Амстердам.
Останува посветеноста на ПЛМА за обезбедување можности за вмрежување кај светската индустрија на приватни трговски марки, како и вредни решенија за продажба и маркетинг, тогаш Пеги Дејвис, претседателка на ПЛМА.
Неколку месеци претходно, холандската влада најави ублажување на мерките и ограничувањата против пандемијата, поради што беше најавен саем со физичко присуство. Како излагачи беа регистрирани повеќе од 1.700 производители на приватни трговски марки од 65 земји. Организаторите до декември очекуваа околу 2.000 излагачи, вклучувајќи 45 национални и регионални штандови од 30 земји.
Саемот ПЛМА годишно привлекува илјадници изложувачи и посетители и е најголемиот светски саем од ваков вид.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.