Холандско - британскиот производител „Унилевер“ извести за благ раст на продажбата во третото тримесечие благодарејќи на зголемената побарувачка во САД, Индија, Кина и Турција, како и на повисоките цени.
Од јули до септември годинава продажбата порасна за 2,5 отсто. Зголемувањето на цените од 4,1 отсто го надополни падот од 1,5 отсто на волуменот на продажбата. Продажбата на дезадоранси, производи за чистење кожа и на сладолед порасна благодарение на забрзаната вакцинација во развиените земји што ги поттикна граѓаните да излезат од своите домови.
Волуменот на продажба прво се намали во југоисточна Азија каде ширењето на пандемијата ги присили владите да воведат строги ограничувања, кои ја ограничија потрошувачката.
Во третото тримесечие компанијата ги зголеми цените за 1,6 отсто во однос на претходните три месеци на пазари како Мексико и Русија и на блискиот Исток. Од „Унилевер“ соопштија дека нивните потрошувачи се повеќе се свртуваат кон поевтини брендови, што ја зголеми конкуренцијата на пазари како што е Индонезија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.