Свет

„Шпар“ претстави нова програма за локални добавувачи

21 окт 2021

Трговскиот синџир „Шпар“ во Унгарија претстави нова програма за партнерство со малите домашни производители и компании. 

Компанијата вложува 4,75 милиони евра во програмата наречена „Регионални богатства“ за да интегрира најмалку 100 добавувачи и да стимулира можности за вработување во земјата. Во рамки на програмата, „Шпар“ - Унгарија во последниот квартал од 2021 година ќе воспостави шест регионални добавувачки центри во поголемите градови. Во програмата за добавувачи ќе се вклучат меѓу 10 и 13 „Шпар“ продавници во близината на 6 регионални центри. 

Иницијативата, исто така, настојува да ги скрати транспортните патишта и да придонесе за одржливи практики во земјоделството, производството и во синџирите за снабдување. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...