Свет

Нова продавница со Just Walk Out во Лондон

02 Apr 2021

По отворањето на првата продавница без персонал во Европа, е-трговецот „Амазон“ ја отвори и втората што ја користи технологијата Just Walk Out.

Новиот „Амазон фреш“, кој беше отворен на 16 март, се наоѓа во лондонскиот округ Вембли парк. Првиот објект од овој тип во Европа беше отворен на почетокот од март, исто така, во Лондон, во округот Илинг.

Купувачите не мора да бидат членови на клубот „Amazon Prime“ за да купуваат во оваа продавница, но треба да ја преземат апликацијата на е-трговецот. На крајот од пазарувањето тие „само заминуваат“ од продавницата, бидејќи системот го отчитува бројот на артиклите во кошницата и автоматски повлекува средства од сметката.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...