Свет

„Нестле“ го продаде бизнисот со вода

24 Feb 2021

Швајцарскиот концерн за храна „Нестле“ го продаде својот бизнис со флаширана вода во САД и Канада на акционерската компанија „Уан рок капитал партнерс“ за 4,3 милијарди долари. 

Продажбата вклучува познати брендови, вклучително и Poland Spring и Deer Park. Интернационалните премиум брендови на „Нестле“, вклучувајќи ги Perrier, San Pellegrino и Acqua Panna, не се дел од зделката.

Производителот на храна го ажурира своето портфолио и продава средства бидејќи се фокусира на области со побрз раст како кафе и храна за домашни миленици, а притоа посветува помалку внимание на закуските.

Продажбата на флашираната вода беше под влијание на падот на оброците надвор од домот за време на пандемијата.

Северноамериканскиот бизнис со вода на „Нестле“ оствари приход од околу 3,4 милијарди франци (3,8 милијарди долари) во 2019-та година, со исклучок на меѓународните брендови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...