Германската компанија „ХелоФреш“ го шири работењето и во Јапонија, во рамки на амбициозниот план за интензивно ширење на странски пазари.
Од компанијата соопштија дека во следните пет до седум години, продажбата ќе порасне од 3,6 на 10 милијарди евра.
И во екот на пандемијата, „ХелоФреш“ забележа одлични резултати, бидејќи купувачите ширум светот ја користеа услугата за достава на храна на домашна адреса. Покрај тоа, аквизицијата на помалите конкуренти во САД исто така придонесе за стабилно работење.
Берлинскиот гигант е активен во Велика Британија, Германија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Луксенбург, Шведска, Франција, Австралија, Данска, Нов Зеланд и Канада.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.