Свет

Најголемата фабрика на „Кока-кола“ во Европа ќе биде во Севиља

23 Dec 2020

Европските партнери на Кока-кола (Coca-Cola European Partners CCEP) планираат да инвестираат 48 милиони евра, за проширување на производствениот погон во Севиља. По модернизацијата, фабриката ќе биде најголемиот објект на оваа компанија во Европа.

Проширувањето на централата ќе го зголеми производствениот капацитет за една петтина на 740 милиони литри безалкохолни пијалаци годишно. Со постоечки 190.000 квадратни метри и 450 вработени, фабриката во Севиља досега беше една од трите најголеми погони на „Кока-кола“ во Европа според производството. Другите две постројки се наоѓаат во Велика Британија, во Вејкфилд и Едмонтон.

Фабриката во Севиља произведува четвртина од сите пијалaци консумирани во Шпанија. Фабриката има 11 производствени линии, три за шишиња, три за ПЕТ амбалажа, три за конзерви и по еден за асептично пакување и сирупи. Исто така, во рамките на фабриката, има голем магацин со капацитет од 100.000 палети.

Со новата инвестиција, „Кока-кола“ сака да ја намали потрошувачката на вода за 21,4% и да заштеди во просек 31,7% електрична енергија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...