Поради очекувањето за зголемен обем на работа до крајот на годината, онлајн трговецот „Амазон“ во Полска вработи дополнителни 2.000 работници со договори за вработување на неопределено време.
Исто така, од седиштето на компанијата соопштија дека сакаат да го зголемат својот тим за 10.000 привремено вработени работници. „Амазон“, кој во Полска има девет логистички центри, сега во таа земја има 18.000 вработени.
Гигантот го искористи силниот пораст на купувањето преку интернет во текот на пандемијата. Во вториот квартал на оваа година ја удвои нето добивката на годишно ниво на 5,2 милијарди долари. За да оди во чекот со побарувачката, веќе вработи повеќе од 100.000 луѓе ширум светот од почетокот на пандемијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.