![]() |
|
![]() |
Среќко Накиќ, потпретседател на „Атлантик група": Со оглед на сегашната ситуација во Македонија, времето е идеално за една ваква конференција, како инспирација и поттик за развој на компаниите. Овој регион е познат по настаните исполнети со душа, а тоа го прави овој самит различен. Она што е најважно е да се организираат овие конференции во континуитет. |
![]() |
Полексена Ристеска, маркетинг-менаџер во „Бимилк": Впечатоците од самитот се многу позитивни, не само од организацијата, туку пред сé од она што како содржина им беше понудено на учесниците. Учеството на ваквите настани ни овозможува да добиеме нова свежа перспектива. |
![]() |
Дино Шкријељ, директор за логистика во „Кола": Особено сум задоволен што конечно и кај нас се одржува FMCG-самит, затоа што конференциите од овој тип се неопходни и за дистрибутерите и за клиентите да имаат директен контакт, преку размена на искуства во секторот за широка потрошувачка. |
![]() |
Владо Рикаловски, проект-менаџер во „Медиана": FMCG-самитот е значаен настан од повеќе аспекти. Овој тип настани се одлична можност да се разменат мислења за состојбите и предизвиците на овој сектор, а тоа е од заемна полза за сите релевантни компании, како и за компаниите кои имаат посреден контакт со секторот – истражувачки и маркетинг-компании, кои добиваат попрецизен увид во карактеристиките, спецификите, состојбите и предизвиците на FMCG-секторот. |
![]() |
Тихомир Петрески, консултант во „Петрески & партнерс": Постигнато е висококвалитетно ниво на спроведување и организирање на настанот. Организаторот успеа во многу аспекти да ја доближи Македонија до меѓународните трендови, а на деловните субјекти им даде можност да го согледаат нивото на сопствениот развој. Се надевам дека на следниот самит ќе бидат присутни и претставници од државните институции. |
![]() |
![]() |
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
![]() |
Регион Најголемиот светски производител на чоколадо доаѓа во Србија13 јан 2021
|
![]() |
Регион Битка за тронот на „Подравка“20 јан 2021
|
![]() |
Регион „Лидл“ и во Врање15 јан 2021
|
![]() |
Актуелно Стратегија: Затворајте продавници за да ја зголемите продажбата14 јан 2021
|
![]() |
Регион Михаило Јанковиќ нов генерален директор на „МК груп“13 јан 2021
|
![]() |
Видео вести (ВИДЕО) Прва глобална промоција на Carlsberg13 јан 2021
|