
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Унилевер“ инвестира 35 милиони евра во трансформација на своите центри за истражување и развој во Мумбај и Бенгалуру, Индија.
Како што соопштија од компанијата, Индија претставува еден од клучните глобални центри за истражување и развој на „Унилевер“, обединувајќи широк спектар истражувачки активности и активности ориентирани кон пазарот во рамките на глобалната мрежа на компанијата.
Новата инвестиција ќе овозможи поинтегриран пристап кон иновациите, преку поврзување на научните истражувања, разбирањето на потребите на потрошувачите, дизајнот, дигиталните технологии, вештачката интелигенција, брзата изработка на прототипови и развојот на производствените капацитети.
Со поврзување со индискиот екосистем на биолошки науки, „Унилевер“ планира да искористи дополнителни научни знаења, капацитети и партнерства за да го забрза развојот на новата генерација биотехнолошки иновации, наменети за индискиот и глобалниот пазар.
Како што истакнуваат од компанијата, центрите ќе обединат широк спектар компетенции во единствена, меѓусебно поврзана средина – од анализа на потребите на потрошувачите и научни истражувања, до развој на прототипови и проширување на производството.
Во новите центри, научниците ќе работат заедно со експерти за развој на производи, дизајнери и дигитални специјалисти.
Овој интегриран пристап ќе користи вештачка интелигенција, дигитални близнаци (digital twins) и предиктивно моделирање за виртуелно тестирање и истражување на можностите пред почетокот на физичкото производство.
На тој начин, компанијата очекува значително да го скрати времето потребно еден производ да стигне од идеја до пазарот.
„Целта на сето ова е поефикасно да одговараме на потребите на потрошувачите, побрзо да создаваме супериорни производи и да отвораме нови можности за раст“, изјави Ричард Слејтер, директор за истражување и развој во „Унилевер“.
„Не сакаме само да ги забрзаме денешните процеси на истражување и развој. Сакаме на нашите научници да им овозможиме нови начини за откривање, дизајнирање и развој на навистина врвни производи и иновации од новата генерација – нешто што претходно едноставно не можевме да го создадеме“, додаде Слејтер.