
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Еуроспин ЕКО“, дел од италијанската „Еуроспин група“, во 2025 година остварил нешто помалку од 324 милиони евра приходи од продажба, што претставува раст од 9% во споредба со 2024 година, пренесува STA.
Нето-добивката на компанијата достигнала 11,3 милиони евра, што претставува зголемување од 39,8% на годишно ниво.
Во текот на 2025 година „Еуроспин“ управувал со 59 продавници, без промена во споредба со претходната година, додека бројот на вработени се зголемил за 40 и достигнал 913.
Кога станува збор за другите играчи на словенечкиот пазар, „Шпар“ во 2025 година пријавил приходи од 1,261 милијарда евра, што претставува раст од 7,4% во однос на претходната година.
„Меркатор“, пак, ја завршил годината со нето-добивка од 12,8 милиони евра, со што за првпат од 2011 година повторно работел профитабилно.
Компанијата „Енгротуш“, во чии рамки работат продавниците Tuš, во текот на 2025 година остварила приходи од продажба во износ од 460,6 милиони евра, што е за 5,5% помалку во споредба со претходната година.