
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Една година по започнувањето на општествено одговорната иницијатива „Здрава исхрана од мали нозе“, „Бејби Фуд Фактори“, производител на брендот Nutrino и членка на „Нелт Група“, продолжува да ги едуцира родителите и стручната јавност за превенцијата на детската дебелина, поврзувајќи ги стручната заедница и семејствата низ регионот.
Во рамките на иницијативата досега се организирани 15 стручни настани во Србија, Северна Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, на кои учествувале 2.000 педијатри, додека преку осум советувалишта организирани во соработка со „дм Србија“ бил остварен директен контакт со 4.000 родители.
За важноста на ваквите активности говори и податокот на Светската здравствена организација, според кој секое трето дете на возраст од седум до девет години има прекумерна телесна тежина или дебелина.
По повод една година од започнувањето на иницијативата, „Бејби Фуд Фактори“ и брендот Nutrino, со поддршка од „Нелт Група“, организирале два панела со цел да се отвори прашањето како постојното стручно знаење да се претвори во навремено и конкретно дејствување.
„Амбицијата на „Бејби Фуд Фактори“ и „Нелт Група“ е иницијативата „Здрава исхрана од мали нозе“ на брендот Nutrino да биде долгорочна платформа која ги поврзува знаењето, стручноста и конкретното дејствување со цел создавање поздрава средина за децата и генерациите што доаѓаат. Најраната возраст е период во кој се создава односот кон храната, кој често останува за цел живот. Затоа, превенцијата на детската дебелина започнува со знаење, поддршка на родителите и добри избори достапни уште од првите години од животот“, истакна Марко Цилиќ, извршен директор и претседател на Извршниот одбор на „Нелт Група“.
На панелот „Како да дејствуваме порано и поефикасно?“ педијатри од Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина разговарале за превенцијата на детската дебелина, значењето на првите 1.000 дена од животот, улогата на раното опкружување и исхраната врз долгорочното здравје, како и за значењето на здравјето на цревата и микробиомот во различни животни фази.
Панелот „Како заедно можеме да ги олесниме поздравите избори“ го отворил прашањето како различните чинители кои секојдневно влијаат врз одлуките на семејствата можат да придонесат за поздрави избори. Разговорот ја опфатил улогата на медиумите во обезбедувањето јасни и веродостојни информации, значењето на трговските и аптекарските синџири во моментот на избор, како и улогата на фармацевтите и одговорните брендови во обезбедувањето стручна поддршка и градењето доверба.
Посебен фокус на панелите бил ставен на јазот меѓу знаењето за ризиците што ги носи дебелината и секојдневното постапување, како и на потребата стручните препораки да бидат разбирливи, практични и достапни за родителите во моментите кога им се најпотребни.
„Здрава исхрана од мали нозе“ е поставена како долгорочна иницијатива, со цел знаењето да стане подостапно и поприменливо и да придонесе за создавање поздрави навики и поздрави генерации деца.
На овој начин, брендот Nutrino на компанијата „Бејби Фуд Фактори“, со поддршка од „Нелт Група“, го става здравјето на децата во прв план преку континуирана едукација и поддршка на родителите и стручната јавност.