
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Австриската групација „Аграна“ ги објави плановите за преземање 100% од компанијата „Есаром“, производител на ароми и решенија за индустријата за пијалаци. Вредноста на компанијата во рамките на трансакцијата изнесува околу 150 милиони евра.
Како што истакнуваат од „Аграна“, со ова преземање компанијата сака дополнително да го зајакне работењето во областа на решенијата со повисока додадена вредност за прехранбената индустрија и индустријата за пијалаци.
„Есаром“ е специјализиран за развој и производство на ароми, бази за пијалаци и други состојки, наменети првенствено за производителите на пијалаци и храна.
Трансакцијата е дел од стратегијата на „Аграна“ за понатамошно проширување на деловниот сегмент Food & Beverage Solutions, преку кој групацијата има цел да ја намали зависноста од дејностите што се поизложени на осцилации на цените и пазарните услови, како и да го зголеми уделот на производи со повисока додадена вредност.
Завршувањето на преземањето е предвидено за почетокот на деловната 2027/28 година на „Аграна“, а трансакцијата претходно треба да ги добие потребните одобренија од надлежните регулаторни тела.