
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Премиум приватната трговска марка Deluxe на „Лидл“ за првпат надмина една милијарда фунти годишна продажба во Обединетото Кралство.
Како што истакнуваат од трговскиот синџир, овој резултат ги одразува промените во купувачките навики на потрошувачите, кои сè почесто избираат производи со повисок квалитет.
Дисконтерот забележа раст на продажбата на асортиманот Deluxe од 12% на годишно ниво, при што повеќе од 50% од домаќинствата во Велика Британија и дури три четвртини од купувачите на „Лидл“ денес купуваат производи од оваа премиум линија.
За да одговори на зголемената побарувачка, „Лидл“ во пресрет на божиќната сезона воведува повеќе од 130 целосно нови производи.
Новиот асортиман опфаќа широка празнична понуда, од главни јадења, како опашки од јастог со лук и путер, до различни десерти и пијалаци.
„Достигнувањето продажба од една милијарда фунти претставува значајна пресвртница што покажува колку се промениле купувачките навики. Нашите купувачи сакаат да добијат добра вредност за своите пари, но не се подготвени да прават компромиси кога станува збор за квалитетот. Тие очекуваат врвна храна без превисоки цени, а токму тоа го нуди Deluxe“, изјави Ричард Борнс, комерцијален директор на „Лидл ГБ“.
Тој истакна дека компанијата, преку споредување на своите производи со најдобрите во категоријата и тесна соработка со британските добавувачи, изградила премиум асортиман што може да се натпреварува со најдобрите производи на пазарот.
„Оваа божиќна сезона одиме чекор понатаму и претставуваме 130 нови производи, за домаќинствата да можат да уживаат во врвна празнична трпеза без големо оптоварување на буџетот“, додаде Борнс.