InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германските извозници во септември повторно забележале подобри резултати, по два последователни месеца на пад, пренесува германската новинска агенција ДПА.
Во септември од Германија биле извезени производи со ознаката „Made in Germany“ во вкупна вредност од 141,1 милијарда евра, што претставува зголемување од 0,2% во споредба со август.
Раст е забележан и во однос на септември минатата година, соопшти германскиот Завод за статистика.
Според прелиминарните податоци, без приспособување за сезонските и календарските разлики, извозот бил поголем за 7,7% на годишно ниво.
Најважниот поединечен извозен пазар за Германија повторно биле Соединетите Американски Држави, каде што германските компании во септември извезле стоки во вредност од 13,4 милијарди евра.
Тоа претставува намалување од 0,5% во споредба со август, но истовремено и зголемување од 10,3% во однос на истиот месец минатата година.
Ваквите резултати се остварени и покрај царинската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, заклучува ДПА.