
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Финската компанија „Олви“ најави реорганизација на работењето и промена на оперативниот модел на компаниите „Олви“ и „Серваали“, која ќе стапи во сила на 1 октомври 2026 година.
Како што наведуваат од компанијата, целта на промената е поедноставно и поефикасно обезбедување услуги за купувачите преку единствен договорен партнер, усогласени деловни процеси и унапредена корисничка поддршка.
Во рамките на реорганизацијата, „Олви Ојј“ од 1 октомври ќе го преземе работењето на „Серваали Ој“, а сите активности ќе продолжат да се одвиваат под името и матичниот број на „Олви Ојј“.
Компанијата истакнува дека промената нема да влијае врз постојното портфолио на производи ниту врз достапноста на брендовите, кои ќе останат непроменети на пазарот.
Дополнително, од 1 октомври „Олви“ ќе го прошири своето дистрибутивно портфолио со преземање на дистрибуцијата на брендовите на „Перно Рикар“, еден од водечките светски производители на алкохолни пијалаци.
Во понудата, меѓу другите, ќе бидат вклучени брендовите Absolut Vodka, Jameson, Chivas Regal, Ballantine’s и Martell, како и шампањите G.H. Mumm и Perrier-Jouët.
Од компанијата оценуваат дека обединувањето на работењето ќе овозможи поефикасна организација, поедноставна соработка со партнерите и посеопфатна услуга за купувачите.