
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Њу Медиа Тим“, една од водечките комуникациски агенции во регионот, отвори свој канал на Substack, на кој ќе споделува знаење, искуства и согледувања стекнати во текот на 17 години работа во комуникациската индустрија.
Платформата, која започна како алатка за дистрибуција на newsletter содржини, во последните години прерасна во глобален медиумски екосистем за текст, аудио, видео и директна комуникација на авторите со заедницата. Во март 2025 година Substack надмина пет милиони платени претплати, само четири месеци откако достигна четири милиони, додека денес десетици милиони луѓе секоја недела читаат, гледаат или слушаат содржини на платформата.
„Њу Медиа Тим“ е меѓу првите домашни комуникациски агенции што го препознаа Substack како корпоративна thought-leadership платформа. Наместо уште еден канал за промоција на агенцијата, NMT Substack е замислен како место на кое луѓето што секојдневно работат со компании, брендови, институции и медиуми отворено ќе зборуваат за промените што ја обликуваат комуникациската индустрија.
Темите ќе опфаќаат стратешки и корпоративни комуникации, односи со јавноста, дигитални комуникации, креативни индустрии, кризна комуникација, вештачка интелигенција и нови технологии, но и конкретни искуства, дилеми и лекции од агенциската практика.
„Комуникациите денес се менуваат со неверојатна брзина, а со нив се менуваат и каналите преку кои разговараме со публиката. Сакавме простор што ќе ни овозможи да одиме чекор подалеку од кратките формати и секојдневните содржини на социјалните мрежи и да отвориме теми со кои можеме да се занимаваме посериозно, аргументирано и од перспектива на луѓето што секојдневно работат со нив. Во „Њу Медиа Тим“ постои огромно искуство и знаење и сакаме да ги направиме подостапни, но и да отвориме простор за разговор со колегите од индустријата“, истакна Александра Радујко, генерална директорка на „Њу Медиа Тим“.
Еден од првите текстови на NMT Substack, „За кого ќе правиме кампањи – за луѓето или за нивните AI агенти?“, се занимава со прашање што во следните години би можело суштински да ја промени маркетиншката и комуникациската индустрија: што се случува кога одлуките за купување и избор на производи и услуги сè почесто, заедно со луѓето или наместо нив, ќе ги носат AI агенти?
Тоа отвора и ново прашање за брендовите – дали кампањите на иднината ќе треба да бидат релевантни само за луѓето или и за алгоритмите што во нивно име ќе пребаруваат, споредуваат, препорачуваат и купуваат.