
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговецот „Ајсланд“ ќе ја отвори својата прва продавница на Фолкландските Острови, со што, според компанијата, ќе стане првиот британски малопродажен синџир што воспоставил присуство на оваа територија, пренесува Retail Gazette.
Компанијата ќе ја отвори првата продавница на почетокот на декември во главниот град Стенли, во партнерство со локалниот трговец „Келпер Сторс“, кој работи во состав на „Фортуна група“.
Новата продавница ќе нуди производи од приватната трговска марка на „Ајсланд“ од категоријата замрзната храна, како и производи од ексклузивните брендови Cathedral City, MyProtein и TGI Fridays.
Ричард Вокер, извршен претседател на „Ајсланд Фудс“, претходно ја истакна амбицијата брендот да го донесе на Фолкландските Острови, а овој потег е дел од пошироката меѓународна стратегија за проширување на компанијата.
„„Ајсланд Фудс“ има долга историја на пионерски потези и горди сме што ја поддржуваме Британија со тоа што стануваме првиот малопродажен синџир од британските главни трговски улици што отвора продавница на Фолкландските Острови. Фолкландските Острови се посебен дел од британското семејство и отсекогаш ми беше желба да ги поддржиме, така што можноста да го донесеме Iceland во Стенли е голем момент за нашата компанија“, изјави Вокер.
Џејмс Волас, генерален директор на „Фортуна група“, изјави дека семејната компанија е „воодушевена“ од партнерството со „Ајсланд“ и додаде дека новата продавница директно ќе им користи на жителите на Фолкландските Острови.
Сара Кларк, генерална менаџерка на „Келпер Сторс“, оцени дека станува збор за значајна пресвртница за островите.
„Ова е голем момент за Фолкландските Острови и многу сме возбудени поради соработката со „Ајсланд“ за отворањето на првата франшизна продавница на овој синџир во Стенли. Благодарение на тоа, нашите купувачи ќе имаат пристап до поширока понуда на производи и поповолни цени“, изјави Кларк.