
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле Канада“ заврши инвестиција вредна повеќе од 50 милиони канадски долари (околу 35 милиони американски долари) за проширување и модернизација на својата фабрика за кондиторски производи во центарот на Торонто, со што се зголемени производствените капацитети и се воведени нови производствени можности, пренесува FoodBev.
Проектот опфати проширување на физичкиот производствен простор, воведување напредна производствена опрема и проширување на придружната инфраструктура во фабриката, која работи во Торонто повеќе од 100 години. Овој погон воедно е и единствената фабрика на „Нестле“ во Северна Америка која поседува сертификат дека не користи кикиритки и вработува околу 550 луѓе.
Важен дел од инвестицијата е инсталирањето нова флексибилна линија за обликување производи, наменета за производство на KitKat и Aero. Според „Нестле“, новата опрема ќе овозможи поголема флексибилност во производството и ќе ѝ помогне на компанијата да го поддржи растот на своето портфолио на кондиторски производи. Во фабриката се произведуваат и други кондиторски брендови за канадскиот пазар, вклучувајќи го Smarties.
Чандра Кумар, претседател и извршен директор на „Нестле Канада“, изјави дека инвестицијата на вработените во фабриката ќе им обезбеди „нови капацитети и можности“, кои ќе ја поддржат следната фаза од растот на компанијата и иновациите во кондиторскиот сегмент.
Проектот опфати и редизајн на распоредот во рамките на локацијата, при што новата конфигурација има цел да ја подобри логистиката и да ги намали сообраќајните пречки на улицата Sterling Road за околната заедница.
„Нестле“ наведува дека проширувањето ги поддржува и неговите заложби во областа на одговорното снабдување. Кондиторските производи што се произведуваат во фабриката во Торонто користат какао набавено преку програмата Nestlé Cocoa Plan, додека компанијата набавува какао и преку својот Income Accelerator Program.
Програмата во моментов опфаќа приближно 45.000 семејства кои одгледуваат какао во Брегот на Слоновата Коска и Гана, а „Нестле“ наведува дека целта е да придонесе за намалување на разликата во приходите со која се соочуваат земјоделските домаќинства и за намалување на ризикот од детски труд.
Фабриката во Торонто е дел од пошироката производствена мрежа на „Нестле“ во Канада. Компанијата вработува приближно 3.500 луѓе на околу 12 локации низ земјата. Проширувањето претставува дополнителна инвестиција во домашното производство на кондиторски производи, при што „Нестле“ ја истакнува важната улога на фабриката во производството на производи наменети за канадскиот пазар.