
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Британскиот трговски синџир „Морисонс“ стана првиот малопродажен синџир во Велика Британија што ја воведе функцијата „Shop to Light“ во своите продавници, овозможувајќи им на купувачите полесно и побрзо да ги пронајдат производите што ги бараат.
Новата функција користи електронски ценовни ознаки на полиците кои светкаат, инсталирани од компанијата „Вузион“ (Vusion), со цел да им го олесни снаоѓањето на купувачите во продавниците.
За да ја користат услугата, купувачите треба да ја отворат алатката Product Finder на почетната страница од апликацијата More Card, да го пребараат посакуваниот производ и да ја изберат опцијата „Flash Price Label“.
Апликацијата потоа ја прикажува локацијата на производот во продавницата и бара од купувачот да потврди дали се наоѓа во соодветниот ред меѓу полиците.
По потврдата, соодветната дигитална ознака на полицата почнува да светка во магента боја, овозможувајќи му на купувачот лесно да го пронајде конкретниот производ.
Од компанијата наведуваат дека функцијата е особено корисна во деловите од продавниците со голем број производи, како што се зачинските билки, зачините и сосовите, но и при пронаоѓањето популарни сезонски производи, како што е сосот од брусница.
„Знаеме дека божиќниот период е еден од најпрометните делови од годината за нашите купувачи и постојано бараме нови начини да го направиме нивното купување што е можно поедноставно и попрактично“, изјави Гордон Мекферсон, директор за продуктивност на групацијата „Морисонс“.
Тој нагласи дека новата функција „Shop to Light“ е одличен пример за тоа како компанијата ја користи технологијата за да направи вистинска разлика во продавниците.
„Им помагаме на купувачите брзо да ги пронајдат производите што им се потребни, без разлика дали купуваат намирници за божиќната вечера или само навраќаат по неколку последни неопходни производи“, додаде Мекферсон.
Оваа технологија претходно веќе се користела во Соединетите Американски Држави, меѓу другото и во трговскиот синџир „Волмарт“.
Во Велика Британија, „Морисонс“ досега ја користел технологијата исклучиво за внатрешни потреби, односно за вработените задолжени за подготовка и пакување на онлајн нарачките.
Новата функција ќе биде достапна само во продавниците на „Морисонс“ кои се опремени со дигитални електронски ценовни ознаки на полиците, а во моментов такви има повеќе од 270.