
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Грижата за здравјето започнува со информираност, но и со поддршка од заедницата. Токму ова беше во фокусот на настанот што го организираше Здружението на дијабетичари на Општина Битола по повод Светскиот ден на дијабетесот, а кој Бимилк го поддржува традиционално секоја година.
Преку едукативни активности, разговори и бесплатно мерење на шеќерот во крвта, настанот им овозможи на граѓаните да дознаат повеќе за дијабетесот и за важноста на правилната исхрана, физичката активност и секојдневната грижа за здравјето.
За лицата што живеат со дијабетес, пристапот до проверени информации, стручни совети и меѓусебна поддршка е особено важен. Токму затоа, ваквите средби имаат значење што оди подалеку од одбележувањето на еден датум, тие создаваат простор за разговор, размена на искуства и поголемо разбирање.
„За лицата со дијабетес, едукацијата и поддршката се потребни секој ден. Со овој настан сакавме да ги доближиме информациите до граѓаните и да создадеме простор за советување и размена на искуства. Преку активностите на Здружението настојуваме нашите членови полесно да ги разберат препораките за грижата за себе, вклучително и за правилната исхрана. Поддршката од компаниите ни помага да ги реализираме ваквите иницијативи и да допреме до повеќе луѓе. Му благодариме на Бимилк за поддршката и за вниманието кон потребите на нашата заедница“, изјави Душанка Атанасовска, претседателка на Здружението на дијабетичари на Општина Битола.
Баланс+ содржи внимателно избалансирана формула со пробиотици, протеини, калциум и пребиотик, кои придонесуваат за правилно функционирање на организмот и одржување на дигестивната рамнотежа. Овие својства го прават производот особено корисен за лицата со дијабет, кај кои е важно да се постигне стабилен и здрав метаболизам. Со тоа, Баланс+ претставува практична поддршка во секојдневното управување со исхраната и внесот на хранливи материи.
Со поддршката на настанот, Бимилк ја продолжува соработката со здруженијата на лица со дијабетес, потврдувајќи дека грижата за заедницата се гради и преку малите, но значајни чекори што ги правиме заедно.