
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Лидл“ го отвори својот прв логистички центар во Босна и Херцеговина, лоциран во Лепеница, општина Кисељак. Центарот се простира на површина од 64.000 квадратни метри и од него ќе се снабдуваат првите продавници на „Лидл“ во земјата, чие отворање се очекува во првата половина на 2027 година.
Од компанијата наведуваат дека отворањето на логистичкиот центар во Лепеница претставува еден од најважните чекори од почетокот на работењето на „Лидл“ во Босна и Херцеговина во 2021 година.
Со воспоставувањето модерна логистичка мрежа се создадени услови за снабдување на идните продавници на „Лидл“ низ целата земја.
„Денешното отворање на логистичкиот центар во Лепеница претставува прва голема инвестиција и јасен доказ дека „Лидл“ дојде во Босна и Херцеговина за да остане. Веќе во првата половина на следната година ги отвораме и првите продавници, со цел на граѓаните да им понудиме свежи и квалитетни производи, како и најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“, изјави Драган Чигоја, директор на „Лидл Босна и Херцеговина“.
Тој нагласи дека компанијата е особено горда на инвестицијата во изградбата и опремувањето на објектот, која надминува 250 милиони конвертибилни марки (127,9 милиони евра).
Во реализацијата на проектот биле ангажирани околу 70 домашни компании како подизведувачи, а во логистичкиот центар во Лепеница се отворени 200 нови работни места.
Објектот се одликува со висок степен на автоматизација, современи услови за работа и еднакви можности за сите вработени.
Чигоја им се заблагодари на сите меѓународни и домашни институции и партнери кои го поддржале доаѓањето на „Лидл“ на пазарот во Босна и Херцеговина и помогнале во реализацијата на инвестицијата.
„Посебна благодарност им упатувам на нашите вработени. Токму тие се нашата движечка сила и во голема мера се заслужни за секој успех што го постигнуваме“, порача Чигоја.
Прв логистички центар во БиХ со меѓународен EDGE сертификат
При изградбата на логистичкиот центар во Лепеница, посебно внимание било посветено на принципите на зелена градба и одржливост, преку заштеда на енергија, намалување на потрошувачката на вода и употреба на рециклирани материјали.
Благодарение на овие мерки, објектот стана првиот и единствен логистички центар во Босна и Херцеговина со меѓународен EDGE сертификат.
Одржливите практики ќе продолжат и во оперативната фаза на работењето, преку рециклирање и еколошко управување со отпадот.
Особено значајна е употребата на соларни панели поставени на самиот објект, кои зафаќаат површина од 10.000 квадратни метри.
Според компанијата, соларните панели ќе овозможат 25% од вкупните потреби на логистичкиот центар за електрична енергија да се покриваат од сопствени обновливи извори.