
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „ИДЕА Маркети“ соопшти дека продолжува со редовните деловни активности. Продавниците IDEA, Roda и Mercator продолжуваат со работа, снабдувањето на малопродажната мрежа се одвива непречено, додека зачувувањето на стабилноста на работењето и работните места останува еден од главните приоритети на компанијата.
„Во согласност со зголемениот интерес на јавноста за работењето на компанијата и имајќи го предвид значењето на нашиот малопродажен систем за вработените, добавувачите, деловните партнери и потрошувачите, сметаме дека е важно да обезбедиме јасни и веродостојни информации за работењето на компанијата и приоритетите на кои сме посветени“, наведуваат од „ИДЕА Маркети“.
Од компанијата нагласуваат дека со сите добавувачи продолжува редовната и директна комуникација, со цел зачувување на квалитетните деловни односи и континуитетот на соработката.
„Прашањата поврзани со поединечните побарувања и меѓусебните обврски ги решаваме директно со деловните партнери“, посочуваат од компанијата.
Како што додаваат, платниот промет на компанијата се одвива непречено преку сметки во повеќе деловни банки, како што била практиката и досега.
Управувањето со компанијата се одвива преку постојната организациска структура и менаџментот, кои продолжуваат да ги извршуваат своите функции и да носат деловни одлуки во согласност со своите овластувања.
Од „ИДЕА Маркети“ истакнуваат дека компанијата вработува повеќе од 6.500 лица, поради што е свесна за одговорноста што ја има кон вработените и нивните семејства, но и кон големиот број домашни производители, добавувачи и потрошувачи кои секојдневно се потпираат на нејзината малопродажна мрежа.
„Затоа ќе продолжиме да постапуваме и да комуницираме одговорно, врз основа на потврдени факти, водејќи сметка за интересите на сите што се поврзани со работењето на нашата компанија“, порачуваат од трговскиот синџир.