
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Франција ја зголеми проценката за годинашното производство на вино, откако приносите во неколку клучни вински региони биле подобри од очекуваното. Сепак, годинашната берба и понатаму ќе остане меѓу најслабите во историјата, пренесува „Ројтерс“.
Во најновата проценка, француското Министерство за земјоделство предвидува производство од 36,7 милиони хектолитри вино, што претставува зголемување во однос на октомвриската проценка од 34,9 милиони хектолитри.
Според новите податоци, годинашното производство ќе биде поголемо од минатогодишното, кога беше забележана најслабата берба во овој век, но и понатаму ќе биде 10% под просекот за периодот 2021–2025 година.
Зголемувањето на проценката првенствено се должи на подобрите приноси од очекуваното во регионите Лангдок-Русијон и Шарант, кои заедно учествуваат со околу половина од вкупното национално производство на вино.
Подобри резултати се забележани и во Шампања и во југоисточниот дел на Франција.
Франција е вториот најголем производител на вино во светот, веднаш зад Италија.
Статистичката служба на Министерството за земјоделство, „Агрест“ (Agreste), соопшти дека годинашното производство било погодено од намалувањето на површините под лозови насади, како резултат на програмите за искоренување на лозјата.
Дополнително, летните горештини и сушата негативно влијаеле врз приносите, особено во северните вински региони.
Производството во Шампања ќе биде помало за 38%
И покрај зголемената проценка на национално ниво, производството во регионот Шампања се очекува да биде 38% помало во споредба со 2025 година, поради последиците од мразот, градот, сушата и летните топлотни бранови.
Бројот на шишиња шампањ што секоја година ќе бидат пласирани на пазарот го определува здружението на производителите, земајќи ги предвид обемот на производството и факторите како што е глобалната побарувачка.
Во регионот Бургундија-Божоле се очекува намалување на производството од 22% во однос на минатата година, додека во долината на Лоара се предвидува пад од 7%.
Од друга страна, производството во Лангдок-Русијон би можело да порасне за 25% во споредба со исклучително слабата минатогодишна берба, благодарение на дождовите кон крајот на летото, кои ги ублажиле последиците од сушата.
Ова претставува значително подобрување во однос на претходната проценка на Министерството, кое минатиот месец за овој регион предвидуваше раст од само 2%.
Во регионот Бордо производството на вино се очекува да биде 10% поголемо отколку во 2025 година, но и понатаму ќе остане 11% под петгодишниот просек, делумно поради намалувањето на површините под лозови насади.