
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Британскиот трговски синџир „Морисонс“ ја претстави својата божиќна рекламна кампања за 2026 година, која носи модерна интерпретација на познатата бајка „Златокоса и трите мечки“, пренесува Grocery Gazette.
Рекламата, насловена „Christmas Made Just Right“, трае 90 секунди и ги следи мама Мечка и тато Мечок додека се подготвуваат за Божиќ да ги пречекаат својот возрасен син и неговата нова девојка, за која се открива дека всушност е Златокоса.
Целта на кампањата, како што истакнуваат од трговскиот синџир, е да ја нагласи експертизата на „Морисонс“ во понудата на свежа храна, како и способноста на компанијата да одговори на различните вкусови и семејни традиции.
„Секој има своја претстава за тоа што го прави Божиќ токму таков каков што треба да биде, како и сопствени семејни традиции што ја создаваат празничната магија. Бидејќи Божиќ се слави на различни начини, горди сме што на купувачите им нудиме добар сооднос меѓу цената и квалитетот, водејќи сметка секој дел од празничната понуда да биде подготвен со внимание, квалитет и грижа за сите што се собираат околу трпезата“, изјави Беверли Ламб, директорка за маркетинг и рекламирање во „Морисонс“.
Рекламата ја креирала агенцијата Leo UK, додека режијата е на Ник Бол, познат по својата работа на рекламни кампањи за „Теско“, „Икеа“ и Uber Eats.
Ликовите на трите мечки се оживеани со помош на аниматроника, при што секој лик има посебна и препознатлива личност.
Покрај телевизиската кампања, „Морисонс“ започнува и низа активности на социјалните мрежи, вклучувајќи содржини на Instagram и TikTok, како и посебно партнерство со емисијата Gogglebox, во која учесниците ќе ја коментираат новата реклама.
Компанијата ќе понуди и ексклузивна плишана играчка во форма на мечка, при што од секоја продадена играчка ќе бидат донирани по 50 пени на хуманитарната организација Marie Curie.
„Златокоса и трите мечки е приказна што ја познаваат генерации, но луѓето денес ги доживуваат приказните на различни начини. Затоа ја осмисливме кампањата така што ќе функционира на повеќе нивоа: телевизиската реклама ја раскажува приказната од перспектива на родителите, додека социјалните мрежи му даваат можност на младото Мече да ја раскаже својата верзија на приказната“, изјави Ендрју Лонг, креативен директор на агенцијата Leo UK.